Заев во Прилеп: НАТО е нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата тоа е прав пат

од desk4
203 прегледи

„Нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси“, рече претседателот на Социјалдемократскиот сојуз и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Прилеп.

Тој истакна дека ние сме европејци и дека ќе добиеме одлука за почеток на преговорите, односно дека нема друг пат освен ЕУ.

Паралелно земјата работи на протоколите за ратификација од страна на земјите членки на НАТО, а Заев истакна дека со станувањето дел од Алијансата, државата станува сигурна и стабилна, а со тоа се зголемуваат инвестициите во земјата.

„НАТО е нашиот имотен лист, со завршување на ратификациите на Протоколот го добиваме нашиот имотен лист, ја обезбедивме државата. Се впишуваме во Катастарот на држави кои се сигуни, стабилнии еднакви со демократскиот свет. НАТО значи сигурност и безносност, но НАТО значи и инвестиции, повеќе пари и нови работни места. Тоа е прав пат“, порача Заев.

Слични содржини