Зекири: Изборот е лесен! До одржувањето на изборите ќе бидеме и горда 30-та членка на НАТО!

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири во интервју за порталот Стандард одлуката на премиерот Зоран Заев за предвремени парламентарни избори ја коментира како голем демократски и морален чин што досега ниту еден лидер кај нас не го направил.

Зекири во пресрет на изборите закажани за 12-ти април вели дека граѓаните ќе имаат лесен избор, треба да решат меѓу СДСМ која за неполни три години од заробена држава Република Северна Македонија ја доведе во стадуим да биде една од најпочитуваните земји во светот, и како што вели, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ која не може да излезе од матрицата на криминалецот Груевски. 

Што не очекува во предизборието? Дали политичката сцена повторно ќе биде место за раздор на двете најголеми политички партии во земјава?

Изборите, односно самата кампања вообичаено е арена на соочување на програмите на партиите со аргументи: што ново нудиме, што сме исполниле од претходно ветеното? – Изборот на граѓаните нема воопшто да биде тежок на претстојните избори. Треба да решат меѓу СДСМ која за неполни три години од заробена држава Република Северна Македонија ја доведе во стадуим да биде една од најпочитуваните земји во светот; впрочем до одржувањето на предвремените избори ќе бидеме и горда 30-та членка на НАТО! Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ која не може да излезе од матрицата на криминалецот Груевски, нивниот почесен претседател и кои по секоја цена продолжуваат да се борат да ги бранат сите нивни функционери против кои има отворени истраги за тешки криминали. Нивното доаѓање на власт има само една цел,  амнестирање на криминалците од своите редови, вклучително и осудените за настаните од 27ми април.

Целото интервју со Зекири прочитајте го ТУКА.

Х.Н.

Слични содржини