Обетките се едни од најомилените женски модни додатоци кои го комплетираат нашиот целосен изглед. Секоја жена поседува барем еден пар кој ѝ е особено драг. Но, дали сте помислиле дека можеби не одговараат на обликот на вашето лице?
Во продолжение прочитајте какви обетки одговараат на вашиот облик:
Тркалезно лице
Ако имате тркалезна брада, а лицето ви е најшироко околу јаболчниците, тогаш изберете обетки кои имаат облик на капка.
Овално лице
Ако челото ви е малку пошироко од брадата и имате заоблена линија на вилицата, тогаш имате среќа, бидејќи ви стои речиси секој вид на обетки. Но, на најсигурно ќе „играте“ со висечки модели.
Квадратно лице
Квадратната форма се карактеризира со прилично слична ширина на челото и вилицата и брада дефинирана со остри агли. Изберете модел на обетки кои немаат висечки елементи, но сепак се богати со детали.
Издолжено лице
Дамите со ваков облик на лице најдобро е да изберат обетки во форма на алка, но да не бидат преголеми. Впечатливите обетки може уште толку да го „стеснат“ лицето.