Оваа година, Ноќта на вештерките се поклопува со почетокот на ретроградното движење на Меркур, а тоа се случува за време на владеењето на Скорпијата.
Забавувајте се, но и откријте што можеби ве чека оваа ноќ.
Овен: Време за интимност
Преиспитајте го својот љубовен однос и направете проценка колку давате, а колку добивате. На површина ќе испливаат и ситни финансиски проблеми.
Бик: Вистината излегува на површина
Многу нешта кои ги криевте може токму денеска да излезат на површина. Бидете отворени, разговарајте и не очекувајте другите да „гатаат“ што мислите.
Близнаци: Време за организација
Близнаците овој период мора да се потрудат да ги средат своите секојдневни рутини и подобро да го организираат времето и обврските.
Рак: Чувајте се од минатото
Јасно е дека тешко можете да одолеете на една стара љубов, но тоа нема да ви донесе ништо добро. Страстите насочете ги кон друга личност.
Лав: Ослободете се од болните спомени
Овој период можно е болни спомени да го опседнат вашиот ум и да ве попречат во функционирањето. Но, добра вест е дека ќе научите да се изборите со тоа.
Девица: Чувајте се од озборувања
Имате некоја тајна? Внимавајте со кого ја споделувате, бидејќи трачевите поврзани со неа можат скапо да ве чинат. Бидете внимателни.
Вага: Штедете пари
Размислете дали можете да си го дозволите скапиот животен стил кој го посакувате. Преиспитајте го вашиот однос кон парите и почнете да штедите.
Скорпија: Криза на идентитет
Во даден момент ќе се запрашате што навистина сакате и дали сте реално среќни во својот живот. Бидете свои и не создавајте лажна слика за себе.
Стрелец: Нови почетоци
Запрашајте се кога последен пат сте се одмориле. Ќе сфатите дека ви треба нешто ново и дека сакате да свртите нов лист, поврзан со личност родена во знакот Лав.
Јарец: Нарушени пријателства
Многу пријателски односи ќе бидат доведени во прашање, па време е да се преиспитате со кого навистина сакате да се дружите, а кој ви е непотребен.
Водолија: Мирен период
Најдобро е во овој период да мирувате и да не преземате никакви драстични чекори во кој и да е аспект од вашиот живот. Не избрзувајте со ништо.
Риби: Зграпчете го денот
Време е да уживате во секој миг од животот, да патувате, да ги ширите хоризонтите и најважно од сè, да не правите ништо што вашата интуиција ве предупредува дека не треба.