Мијалков: Верувам во интегритетот на судиите

од Ивана Рамаданова
319 прегледи

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, осуден на три години за случајот „Титаник 2“ очекува од Апелациониот суд да биде ослободен.

„Јас верувам дека ќе донесете правична одлука, бидејќи верувам во вашиот судски интегритет. Моите бранители ги опфатија сите аспекти од формален карактер и ги изнесоа сита наводи со кои не се согласуваме, а се наведени во пресудата“

Освен Мијалков, на јавната седница од Апелациониот суд побараа да бидат ослободени и останатите осудени во „Титаник 2“, бидејќи како што истакнаа, биле невини. Според адвокатите на осудените, случајот кој се однесува на договорено гласање во ДИК за приговор за локалните избори во Струмица во 2013 се темели на претпоставки.

Слични содржини