187
На автопат во близина на градот Ксанти во североисточниот дел на Грција, при контрола на камион, грчката полиција пронашла скриени 41 мигрант, а дел од нив имале проблеми со дишењето, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, полицијата го уапсила возачот кој е државјанин на Грузија, а дел од мигрантите биле пренесени во болница, но никој не е во животна опасност.
Повикувајќи се на полициски извори, грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека условите во камионот биле особено лоши, бидејќи немал доволно воздух, а мигрантите можеби и немало да преживеат до Солун што била и нивната крајна дестинација.
Сите 41 мигрант се мажи, рекле дека се од Авганистан, а се на возраст од 20 до 30 години.