Судењето за предметот „Талир“ кое требаше да продолжи денеска,  се одложува за 13 декември, поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски, кој јавно беше опоменат од судијата Осман Шабани.

„Ова е јавна опомена за Илија Димовски. Ова е последно одложување за неприсуство на Димовски. Вакво непочитување кон Судот нема да дозволам. Да ме извести за „Титаник“, а да премолчи за „Талир“. Ова е непочитувањена судот, изјави Шабани.

Шабани истакна дека Димовски судот бил известен од Димовски дека не може да присуствува на рочиштето за „Титаник“, но дека за случајот Талир не спомнал ништо. На денешното рочиште беше предвидено  да почне образложувањето на предложените листи со докази. Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.

Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18 февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.

За истото дело, како правен субјект со обвинението опфатена е и ВМРО-ДПМНЕ. На Елизабета Чингаровска нема да ѝсе суди, бидејќи таа се спогоди со СЈО, призна вина и доби условна казна затвор од две години, која нема да се изврши ако во наредните пет години не направи друго кривично дело.

Според обвинението, тие незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа  организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на име на разни лица.

Слични содржини