Оставете ги цигарите лесно со помош на две вежби

503 прегледи

Вежбите за дишење не се изум на модерната медицина, тие веќе еден милениум активно се користат во јогата. Таквите вежби значително влијаат на човечкиот организам.

Овие две многу едноставни вежби кои би ги направиле кога ќе почувствувате желба за пушење и по овој мал ритуал желбата полека исчезнува.

Вежбите се изведуваат многу едноставно. Изберете која вам ви одговара и правете ги секое утро и во текот на денот кога ќе почувствувате желба да запалите цигара.

Вежба број 1:

Кога ќе почувствувате желба за цигара, излезете на свеж воздух. Исправете се и опуштете се. Земете длабоко воздух и задржете го здивот 3-5 секунди. Потоа полека издишете. На крајот од издишувањето, задржете го здивот на исто време (3-5 секунди). Повторете ја вежбата 10 пати. По завршувањето на ритуалот ќе почувствувате лесна вртоглавица која е предизвикана од заситеност на мозокот со кислород/ Како резултат, желбата за пушење ќе исчезне на подолг период.

Вежба број 2:

Споро вдишете на нос и малку побрзо издишете. Доколку себе си се поистоветите со парна локомотива вежбата ќе биде поефикасна и позабавна. Вежбата правете ја пополека и постепено забрзувајте го темпото. Во еден циклус направете по 30 вдишувања и издишувања. После секој циклус одморите 1 минута. За да добиете добар резултат, правете по 5-6 циклуси. Вежбата правете ја секој пат кога ќе почувствувате желба за пушење. Постепено, ќе забележите дека повеќе не размислувате толку често на цигари.

Слични содржини