Ралф Лорен призна дека ја мрази модата

370 прегледи

Документарецот кој зависниците од мода го исчекуваат со нетарпение, би можел да ги изненади.

Имено, легендарната модна икона, Ralph Lauren, прозборел за документарниот филм кој ќе се фокусира на неговата животна приказна, а со своето признание шокираше многумина.

– Мразам мода – рекол во разговор за The Telegraph.

Но, одлучил да појасни што мисли со тоа.

– Себе си никогаш не се сметав за моден дизајнер. Повеќе стануваше збор за безвременски работи кои ми се допаѓаа, и вредности – изјавил Лорен.

Филмот треба да излезе на 12 ноември, а освен за брендот кој го развил, ќе се занимава и со неговото детство, бракот како и многу делови од неговиот живот кои досега беа непознати. Исто така славниот дизајнер зборува како соработувал со Anna Wintour, Calvin Klein, Diane von Furstenberg, Naomi Campbell и многу други.

Слични содржини