Ангеловска за пролонгирањето на прогресивниот данок: Не носам одлуки под притисок, туку базирани на факти

од Aleksandar Todeski
328 прегледи

Прогресивниот данок е тргнат по анализа, бројки и донесена одлука на база на покажани ефекти. Се работи за разумна одлука. Сега податоците и технологијата дозволуваат да ги согледаме бројките и да направиме брза акција. Оваа влада и јас веруваме дека прогресивниот данок може да ја намали нееднаквоста, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа.

„Јас не носам одлуки под притисок, туку на база на бројки и анализи. Ние сме во ситуација каде за да се зодадат поволните услови треба да го зајакнеме даночниот морал и довербата во институциите, за кога ќе стапи на сила прогресивниот данок сите да сакаат да си го платат данокот. Ако ги имаме сите овие работи предвид, ќе видите дека моите одлуки се базираат на факти, анализи и бројки“, рече Ангеловска.

Според неа, технологиите носат бран на промени, за кои ако земјата и луѓето не се подготвени, нема да може да се оди заедно напред.

„Ова не значи дека е непредвидливост, туку се прави анализа и се носи соодветна анализа. Оваа влада го донесе повратот на ДДВ, кој е неселективен“, рече Ангеловска.

Слични содржини