Иса Мустафа прифати Албин Курти да биде новиот косовски премиер

од Aleksandar Petrovski
152 прегледи

Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) ќе го почитува принципот според кој мандатар на владата ќе биде кандидатот на партијата која на изминатите вонредни избори освои најмногу гласови, а тоа во конкретниов случај е движењето Самоопределување, односно Албин Курти, изјави на прес конференција во Приштина попладнево, Иса Мустафа, по седницата на партиското претседателство.

Мустафа ја најави и средбата на двете партиии на највисоко ниво кога, како што кажа, ќе стане збор за дијалогот со Белград и за уште неколку други прашања.

Лидерот на движењето Самоопределување, Курти, според вчера соопштените конечни резултати од изборите, поединечно освоил најмногу гласови и со тоа ја обезбедил премиерската функција.

Мустафа кажа и дека до сега во преговорите е усогласен поголем дел од програмата на идната влада и додаде дека некои разлики постојат, кога станува збор за економските и социјалните прашања, пренесе Коха .

-Новата влада ќе биде поефикасна и поекономична. Не треба да се занимаваме со прашањата за кои не се согласуваме, иако тие се многу малку, рече Мустафа.

Слични содржини