Секој од нас има своја рутина за негување и средување, почнувајќи од основното туширање и миење коса, па до стилизирање и други видови разубавување.
Но, дали сте размислиле колку од тие чекори ви се навистина потребни? Дали можеби некој е погрешен? Колку време ви одзема целото тоа?
Негата не треба да се зема здраво за готово, туку секој треба да ја пронајде рутината која е соодветна за него.
Но, дефинитивно, овие навики слободно можете да ги испуштите:
Турпирање на површината на ноктот
Кога не правите професионален маникир, туку само ги лакирате ноктите, нема потреба од тоа да ги третирате со турпија. Всушност, класичниот лак за нокти подобро се „фаќа“ на мазната површина, а не на рапава.
Тонирање на лицето
Тоникот долго време беше задолжителен чекор во чистењето на лицето, поради тоа што старите типови на гелови за миење не беа доволно ПХ-балансирани. Денеска, најчесто е доволно да користите само средство за чистење и директно да нанесете крема за лице.
Пенливи бањи
Некогаш немаше ништо подобро од тоа да легнете во својата када преполна со мирисливи меурчиња. Освен што тоа е огромна потрошувачка на вода, исто е и далеку понехигиенски, бидејќи нечистотиите пак се лепат за вас. Пенливите купки, исто така, содржат и дополнителни хемикалии за пената да се одржи подолго, а од кои вие немате никаква корист.
Чистење на ноктите
На сите ни се случува да имаме нечистотија под ноктите, но тоа не значи дека треба да ја вадите со остри предмети. Всушност, многу подобро ќе исчистите и дезинфицирате со помош на алкохол и стапчиња за уши, а потоа да измиете со сапун и топла вода.
Секојдневно стилизирање на косата
Замислете само која траума ѝ ја создавате со секојдневното шампонирање, сушење со фен или исправување со преса. Обидете се да го внесете во својот стил вашиот природен изглед на косата.
Сечење на кутикулите на ноктите
Можете да се повредите или да исечете предлабоко, а со тоа да ги направите ноктите подложни на инфекции и зарази. Како што веќе сигурно знаете, треба да ги туркате настрана од плочката на ноктот, но не и да ги сечете.