255
Со 11 гласа против, светот на општина Кавадарци даде негативно мислење по барањето од Министерството за економија да се дозволат детални геолошки истражувања на планината Кожув.
„По ова точка еднаш дадовме мислење. Светска девиза е дека светските војни во иднина ќе се водат за вода за пиење. Како можеме да дозволиме некој да го уништува тој простор. Матушница е во општина Кавадарци. Тоа е оаза на чистина во Тиквешијата“, рече советникот Ташо Радњански.
Кавадаречкиот совет и минатата година даде негативно мислење по однос на ваквото барање. Тие се на став дека нема да дозволат опасност за овој крај од евентуални отварања на рудници.