303
Едно градче во француската област Нормандија, во склоп на новогодишниот и божикен панаѓур, организира и конкурс за избор на најгрд плетен џемпер.
Сите кои сметаат дека поседуваат вакво парче облека се поканети на базарот на 30 ноември, да се пријават и да се фотографираат носејќи го џемперот. Победникот ќе добие пакет со празнични подароци. Предност имаат рачните плетки со чудни шари и облици, кои стојат во орманите и никој не ги носи.
Дури и самиот градоначалник, кога го организирал овој настан, носел еден таков џемпер со елки и ирваси, а до него била една од советничките за култура, која носела џемпер со чудни жолти шари.