298
Од 22.00 до 04.00 часот синоќа, Одделенијата за безбедност на патниот сообраќај во сите Сектори за внатрешни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи спровеле републичка акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возила под дејство на алкохол.
Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, санкционирани се 203 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 213 останати прекршоци за кои се издадени соодветни санкции.