Хроничен стрес како главна причина за егзема, псоријаза…

од Elena Daskalova
930 прегледи

Кога сте подолго време од стрес, вашето тело вистински се измачува со тоа и сосема е нормално во даден момент да почне да предизвикува физички симптоми.

Во голем број случаи се појавуваат реакции на кожата како што се егзема, псоријаза или розацеа, прекумерно потење, па дури и паѓање на косата. Но, не секогаш била јасна поврзаноста меѓу стресот и оштетувањата на кожата.

Психодерматологијата е релативно нова гранка во медицината која ги применува збирните знаења од психотерапијата, психијатријата и дерматологијата.

Акните на пример, често се појавуваат кај тинејџерите, а кај возрасните може да бидат последица на хормонални промени, кои пак често настануваат кога личноста континуирано е изложена на стрес. Егземата, која се манифестира со црвен осип кој чеша, се влошува под влијанието на стресот.

Луѓето кои имаат розацеа, чии симптоми се ситни, црвени и воспалени мозолчиња, исто така забележуваат дека ситуацијата се влошува кога се нервозни или под постојан стрес.

Но, исто така, кога тоа ви се случува, сосема е нормално да забележите дека подочниците ви се модри и изразени, кожата побледа и дамчеста, без сјај и со чудна боја. Во тој случај, пред да потрошите многу пари на козметика, обидете се да го детектирате изворот на стрес, па дури потоа да делувате на кожата.

Кога е во прашање псоријазата, таа се манифестира со црвени кругови, кожа која се првути и непријатно чешање, најмногу во делот околу косата, но и по целото тело, најмногу во делови каде има и влакна. Во овој случај е потребно лечење и однатре и однадвор, како и контролирање на стресот.

Ситуацијата дополнително ја влошува потењето, па доколку некој од овие симптоми на кожата се појави во лето, лечењето е многу побавно и потешко.

Слични содржини