Шест лица загинаа во лавина во Индија

од Aleksandar Petrovski
364 прегледи

Четворица индиски војници и двајца цивили денеска загинаа во лавина на глечерот Сијачен на источниот крак на Хималаите на надморска височина од 5.700 метри, а осум лица останале заробени, соопшти индиското Министерство за одбрана.

– Причина за смртта е екстремна хипотермија, изјави портпаролот на Министерството, додавајќи дека две лица кои биле заробени во снегот се спасени.

Седум лица се сериозно повредени и со хеликоптери се пренесени до најблиската воена болница.

Глечерот Сијачен е познат како највисока воена област во светот.

Илјадници индиски и пакистански војници се натпреваруваат во областа која е на надморска височина над 6.000 метри и мора да се борат со висински болести, силни ветрови и температури кои се спуштаат и до минус 60 степени.

Слични содржини