Лавина во Австрија затрупа 18 лица, има и починати

од Симе Стоиков

Во тек е голема операција за пребарување и спасување на планинари по лавината на алпите во западна Австрија. Три лица загинаа, а најмалку двајца се спасени, јавува Би-Би-Си.

Извештаите од Австрија опишуваат дека лавина била долга 180 метри и широка 80 метри во близина на селото Вент, недалеку од италијанската граница во провинцијата Тирол. Според првите извештаи, во областа погодена од лавина имало 17 лица, а подоцна било потврдено дека има 18.

Наводно сите биле дел од холандска група која се занимавала со зимски спортови. Сепак, за среќа не сите беа погодени од лавината што се случи во близина на колибата Мартин-Буш, на надморска височина од 2.500 метри.

Портпаролот на полицијата Бернд Ноглер за Би-Би-Си изјави дека на местото на несреќата се хеликоптери, спасувачки тимови со кучиња и алпска полиција. Тој предупреди дека опасноста од нови лавини е многу голема, па затоа спасувачите дејствуваат со голема претпазливост.

Високите температури во Тирол ја зголемија опасноста од лавини. На почетокот на неделава, 19-годишен германски планинар беше фатен во лавина во близина на езерото Ахензе, североисточно од Инсбрук.

Слични содржини