Студиото „20th Century Fox“ го објави првиот трејлер за филмот „Повикот на дивината“ што ја претставува најновата екранизација за истоимениот роман од Џек Лондон.
Од режисерот на „Како да го тренирате својот змеј“, Крис Сандерс, на 20 февруари пристигнува култната приказна „Повикот на дивината“ за куче и човек кои, во време на златната треска од крајот на 19 век, се сретнуваат во Канада.
Во најновата верзија на филмот, во улогата на Џон Торнтон, човекот со големо искуство во трагање по злато, ќе се најде Харис Форд, еден од омилените холивудски актери.
Бак е куче со големо срце чии, до скоро совршен живот, ќе се преврти наопаки. Одеднаш го селат од својот дом во Калфорнија и го носат во дивата Алјаска. Бак ја доживува најголемата авантура во својот живот и конечно го наоѓа својот мир.
„Повикот на дивината“ користи врвни визуелни ефекти и технологија, со цел животните да изгледаат што е можно пореалистични.