Пандов: Вечер би им влегол со качулки на судиите кои дадоа домашен притвор за Јанева да сум на местото на полицијата

од Aleksandar Todeski
304 прегледи

Јас да сум на местото на полицијата, вечер со качулки би им влегол на судиите кои дадоа домашен притвор за Катица Јанева. Ако украдеме во ќебапчилница, така би ни влегла полицијата. Ако ви се може, вака ќе бидете третирани, ако не, ќе бидете третирани како стока во Македонија, вели поранешниот пратеник Александар Пандов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Тој додаде дека ова не е став ниту на партијата ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак на Телевизијата во која е гостин, туку лично негов став, дека кога би бил на местото на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски или обвинителката Вилма Русковска, односно моќник во државата, би го сторил тоа на судиите од Апелациониот суд. Претходно во емисијата, тој рече дека смета дека обвинителката Русковска треба веднаш да спроведе истрага за овие судии.

Според директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и поранешна пратеничка, Лидија Димова, ако „Рекет“ не се расчисти, може да се збогуваме со правдата во Македонија еднаш засекогаш.

„Мислам дека нерасчистувањето на „Рекет“ ќе има далекусежни последици, не за нас, туку за идните генерации“, истакна Димова.

 

Слични содржини