Цаца Николовска: Русковска реагира со приватно обраќање до член од советот во Апелација

од Aleksandar Todeski
167 прегледи

Судиите од Апелација одлучиле да има куќен притвор. Кои се причините, не се знае. Обвинителката реагира со приватно обраќање до еден член од советот и тоа приватно обраќање сега веќе не е приватно. Сега веќе од таа приватност се префрла на јавниот интерес вели поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска.

„Приказните што јас ги слушнав овие денови по однос на излегувањето на Катица Јанева до дома носењето се од таков карактер што не можам да помислам дека може таква приказна да се направи од нешто што е нормално однесување на оние кои ја спроведуваат. Меѓутоа, кој кажал на сите каде се носи, во кој влез е, по кои скали се движи, одговорноста не е само кај новинарите, туку поголема е“, вели Цаца Николовска.

Адвокатката Ружица Николовска пак, смета дека реакцијата на обвинителката Вилма Русковска е еден вид на реакција на судска одлука.

„Ако некој адвокат испратеше иста ваква порака на некој судија, ве убедувам дека тој ќе беше апсен и ќе го гледавте на камера. Ова не е приватна комуникација, тоа е обостран интерес. Она што е професионално, не е веќе приватно“, рече адвокатката Николовска.

Слични содржини