126
Премиерот Зоран Заев преку Фејсбук статус испрати сочуство до најблиските на жртвите од земјотресот во Албанија. Тој додаде дека државата е подготвена да ја пружи сета неопходна поддршка.
„Со загриженост ги следиме вестите за големиот земјотрес во Албанија, во Драч и во близината на Тирана. Силината на земјотресот, кој го почувствуваме и ние, ги насочи мислите кон нашите соседи. Најискрено сочувствуваме со најблиските на жртвите, и се надеваме на брзо закрепнување од последиците. Од утрово сме во комуникација со институциите на Албанија и сме подготвени да ја пружиме сета неопходна помош и поддршка“, напиша Заев.