Голема е мојата радост што сум тука. Ова е моја прва посета во Северна Македонија, соседна земја на Грција, за скоро партнер во НАТО, кандидат за ЕУ и сигурен сум дека наскоро ќе почнат преговорите, за што ја имате целосната поддршка, истакна грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.
„Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев се сретнаа во Солун, јас веќе четврти пат се среќавам со Димитров. Веќе постои значаен напредок во имплементацијата на договорот од Преспа. Потребно е да се побрза со имплементација на договорот. Соработуваме во конструктивен дух за подобрување на нашите односи. Значајни договори носат значајни резултати за двете земји. Имаме договори за соработка, напредок на економијата, инвестициите и инфраструктурата. Нагласувам уште еднаш дека влезот на Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан е заедничка цел за регионот да премине во нова реалност која се потпира на европски рамки“, рече Дендиас.
Тој истакна дека го разбира разочарувањето во Северна Македонија за недобивање датум и истакна дека Грција уште одма почнала со активности за земјава што поскоро да добие датум.
„Со иницијатива на Грција, Димитров е поканет на доручекот, се надеваме дека на тој начин ќе стигнеме до следниот чекор. Важно е да се имплементираат европските вредности. Ние и нудиме на Северна Македонија секаква соработка. Грција е тука за да помогне секаде каде што може. Секако дека Нова Демократија имаше различни ставови и премиерот јасно имаше кажано дека ќе се почитвуа истиот. Сметаме дека договорот претставува континуитет на државата и целиме кон целосно имплементирање на договорот. Постои големо подобрување на односите, затоа сум среќен. Користам придавка која не одговара на подобрување, но има тесна соработка и се подобрува постојано. Со оваа посета ја продлабочуваме соработката. Имаме заедничка корист, треба да се погледне картата за да се сфати тоа. Ја сметам за посебно позитивна мојата посета на Северна Македонија“, истакна грчкиот министер за надворешни работи.
Според него, не се решени сите проблеми од имплементацијата на договорот од Преспа и постојат доцнења кај некои теми.
„И во Северна Македонија постојат сериозни доцнења. Разговаравме искрено, како и секогаш со господинот Димитров. Постои амбасадор кој е одговорен за имплементација на договорот, во таа смисла одиме напред. Имаме долгорочна стратешка цел, влез на Западен Балкан во Европска Унија. Услуга не може да се напрви никому, како ние го поминавме овој тест, така и останатите треба. Северна Македонија ја има поддршката од некој кој го поминал овој пат. Разговаравме претходно со Димитров за решавање на ова. Потребна е некоја работа и искрено, од срце сакам да ви кажам дека независно од овие процедури, голема ќе биде и нашата заедничка иднина ако ја видиме добронамерно“, рече Дендиас.
Александар Тодески