Погледнете како куче имаше претчувство за земјотресот во Албанија (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
340 прегледи

Албанија во вторник во 3.54 часот наутро ја погоди силен земјотрес со силина од 6,4 степени според Рихтер, што е еден од најсилните потреси во последните 30 години во таа земја.
Меѓу бројните снимки се издвои еден кој потврдува колку животните може да претчуствуваат опасност.

Само неколку секунди пред целата зграда да се стресе во албанското летувалиште Шенѓин, куче кое спиеше под тераса со молњевита брзина побегна.

За потсетување најмалку девет лица загинаа, а над 300 се повредени во два силни земјотреси со јачина од 6,4 и 6,5 степени по Рихтер.

Слични содржини