Како и милиони американци, така и семејството Обама денес го слави Денот на благодарноста, а по тој повод, на својот Инстаграм профил, некогашната прва дама на Америка објави фотографија на која позираат со своите ќерки.
На денот пред Денот на благодарноста, кој во Америка се слави секојда година на четвртиот четврток од ноември, на својот Инстаграм профил, објави семејна фотографија која за помалку од 12 часа доби скоро пет милиони лајкови.
Станува збор за фотографија на која таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на Америка Барак Обама, позираат прегрнати со своите ќерки Мајло и Саша.
Причината поради која само една фотографија предизвика толку големо воодушевување во јавноста е тоа што четиричленото семејство ретко може да се види задно, особено откако Барак се отсели од Белата куќа, но и бидејќи девојките пораснаа и студираат далеку од семејниот дом.