Прославениот српски фудбалер и тренер на италијанската Болоња, Синиша Михајловиќ (50) откри нови детали за својата борба со леукемија на денешната конференција за медиуми. За потсетување тој во јули откри дека боледува од акутна леукемија.
-Четири тешки месеци се зад мене. Бев на институтот каде примав хемотерапија и со својот силен карактер го поминав сето тоа. Во тие моменти потребна е голема ментална сила која ја добив и од стручњаците на Институтот. Сите беа максимално посветени на мене и да ги немаше сите тие луѓе не би бил овде пред вас. И благодарам на мојата сопруга Ариана која со мене минуваше низ тој страшен период, порача Михајловиќ кој се расплака во еден момент.
-Извинете што плачам ме совладаа емоциите, им рече Михајловиќ на насобраните новинари, но и на своите играчи кои дојдоа на конференцијата.
Conferenza stampa S. Mihajlovic
Публикувахте от Bologna Fc 1909 в Петък, 29 ноември 2019 г.