Србија се простува од Михајловиќ: „За јунаци не се плаче“

од Nikola Popovski

Денеска на стадионот на Црвена звезда „Рајко Митиќ“ во Белград се одржа комеморација по повод смртта на легендарниот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ.

На комеморацијата присуствуваа многу поранешни асови, соиграчи како Стеван Дика Стојановиќ, Драгиша Биниќ, Слободан Маровиќ, Горан Василијевиќ, Илија Најдоски, тренерот Љупко Петровиќ, потоа поранешните фудбалери на Партизан, Ивица Краљ, Гордан Петриќ, Раде Заладиќ, министер за надворешни работи, претседателот на Собранието Никола Никодијевиќ, како и многу други, јавува РТС.

Поранешниот соиграч од Црвена звезда Драгиша Биниќ изјави дека најдобриот меѓу нив си заминал прв.

-Го загубивме најголемиот и најдобриот меѓу нас, тоа го покажа во текот на кариерата. Изгубивме брат, пријател, мене и повеќе од тоа, нашиот цимер. Останавме без човек кој не знаеше пораз, кој секогаш сакаше да победува, човек кој секогаш беше ведар и весел, изјави поранешниот фудбалер на Звезда.

Биниќ истакна дека не се плаче за јунаци.

– Дури сега видовме каков човек имавме, го почитуваше цел свет, целата светска јавност, го почитуваа и на Мундијалот. Хероите не умираат, ние не плачеме за нив, нека ти е вечна слава, заврши Биниќ.

На комеморацијата говореа и Драган Џајиќ, Љупко Петровиќ, Ѕвездан Терзиќ…

Михајловиќ утре ќе биде погребан во Рим.

Слични содржини