Љубителите на хорор-филмовите знаат дека нивните омилени филмови можат да бидат престрашни за другите луѓе, но овие филмови се сметани за толку многу страшни што се забранети во одредени земји. Некои од нив, се уште се забранети.
1. The Evil Dead (1981)
Првиот филм од серијалот Evil Dead, на одредено време бил забранет на Исланд, во Германија, Финска и Ирска. Исто така, се нашол и на листата филмови кои не смееле да излезат на видеокасета во Велика Британија.
2. I Spit On Your Grave (1978)
Овој филм ја следи приказната за сексуален напад на млада девојка и нејзината брутална одмазда, а поради насилните сцени бил забранет на Исланд, во Норвешка, Австралија и Западна Германија, а во Велика Британија бил цензуриран. Филмот и денеска е забранет во Ирска.
3. The Exorcist (1973)
Не е ни чудо што овој филм се нашол на листата на забранети филмови со оглед на тоа дека го шокираше светот. Во Британија не смеел да излезе на видео, а Warner Brothers забраните да се пушта дури и најавата за филмот бидејќи сметале дека е „премногу вознемирувачки“.
4. The Texas Chainsaw Massacre (1974)
Иако денес се смета за култен филм, своевремено бил забранет во многу земји. Бразил, Франција, Германија и Австралија се само дел од нив. Во Велика Британија бил на листата на забранети се до свгуст 1999 година – 25 години откако излегол.
5. The Last House On The Left (1972)
Режисерското деби на Вес Крејвен ја следи приказната за мачењето и убиството на една тинејџерка. Во Австралија бил забранет до 2004 година, а во Британија до 2008 година.
6.Cannibal Holocaust (1980)
Режисерот Роџеро Деодорато морал да ги донесе актерите на суд за да докаже дека се уште се живи бидејќи овој филм убдеил многумина дека се работи за вистинско дело. Филмот бил забранет во 40 земји.
7. A Clockwork Orange (1971)
Иако е дискутабилно дали овој филм може воопшто да се смета за хорор, режисерот го повлекол од кино, а бил забранет да се емитува во Велика Британија.
8. Saw VI (2009)
Шестиот филм оф крвавиот серијал Saw во Шанија заработил ознака Х, која најчесто е резервирана за порнографијата, а привремено бил забранет исто во таа земја.
9. Antichrist (2009)
Филмот следи приказна за еден пар на кој тагично им умира синот, а дури четворица се онесвестиле за време на првото прикажување на филмот на самиот почеток. Филмот, поради приговори на една католичка група, бил забранет во Франција.
10. Hostel (2005)
Филмот не смеел да се прикажува во Германија, Јапонија, Украина и Сингапур.
11. The Human Centipede 2: The Full Sequence (2011)
Филмот бил забранет во Велика Британија, а во Нов Зеланд неговата забрана се уште трае.
– Изгледа направив страшен филм, но нели хорорите треба да се страшни? Драги мои луѓе, тоа е само филм – коментирал режисерот Том Сикс.