216
Еден од обвинетите во случајот „Рекет“ Зоран Милевски – Кичеец се прогласи за виновен по обвиненијата за кои се товари.
– Се чуствувам виновен и доброволно признавам, изјави тој пред судот.
Екс специјалната обвинителка Катица Јанева пак претходно изјави дека „ни трошка не се чуствува виновна“ за обвиненијата со кои се товари.
На сличен став беше и првообвинетиот во случајот – Бојан Јовановски.
– Како што неколку пати кажав, не се чуствувам добро но жалам што сум во ваква здравствена состојба. Не се чувствуам виновен за двете кривични дела, изјави Боки 13 пред судот.
Јовановски соопшти и дека ако јавната обвинителка може да стои на нозе, можам и тој „па и до последната капка крв“.
И.Р.
Фото: Борче Попоски