Се смета дека еднаш даденото помилување не може да се повлече бидејќи тоа е спротивно на принципот на владеење на правото и ги нарушува правата на помилуваните, вели професроката Гордна Силјановска – Давкова, дел од тимот на лидерот на опозицијата, Хирстијан Мицкоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.
„Се разбира дека изненадувањето е врзано за тоа што сите во 2016 година имавме дилеми околу тогашното толкување на Уставниот суд дека членот 11 кој е применет за сегашниот премиер Зоран Заев и обвинетите за изборни деликти, сега ќе видиме дека ќе дојде на дневен ред на Собранието, што ќе стане не знам, не знам ни каква одлука ќе донесе Уставниот суд. Нам, кои се занимаваме со Уставно право и на другите од нашата струка ни личи да го критикуваме Уставниот суд, но на власта не и личи. Крајно време е Уставниот суд да ги отвори портите за стручната јавност за да може сите аргументи да се сослушаат“, рече Силјановска Давкова.
Според неа, суштината на помилувањето е индивидуализацијата.
„И јас реков дека ова не личеше на помилување туку на амнестија, што не е во ингеренциите на претседателот. Уставниот суд може да го укине, не да го поништи затоа што се однесува на случај од минатото, што значи дека случајот ќе дојде до Стразбур“, вели Силјановска.
Таа смета дека атаците кон Уставниот суд не се во линија на правната држава.