246
Легендата на Јувентус, Никола Аморусо остро го нападна Кристијано Роналдо.
Аморусо изјави дека 34-годишниот фудбалер на „старата дама“ е престар за елитниот фудбал каков што се игра во Серија А.
„Роналдо со месеци само се влече по теренот. Мора да биде скромен и да сфати дека е стар за фудбал и дека некогаш е поважно да одмора отколку да игра по секоја цена“, изјави Аморусо.
Тој додаде дека е свесен дека португалскиот ас тешко го прифаќа овој факт.
„Знам дека нему му е тешко тоа да го признае, но сум убеден дека и натаму може да биде значаен играч ако ги прифати работите како што се“, рече Аморусо, кој во 2011 година се прости од активно играње фудбал.