Османи пред Венецијанската комисија го образложува владиниот став по препораките за Законот за јазиците

од Ивана Рамаданова
281 прегледи

Вицепремиерот Бујар Османи денеска на сесија пред Венецијанската комисија ќе го претстави ставот на Владата дека Законот за употреба на јазиците е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава.

Ова Османи го напиша претпладнево на Фејсбук пред заминувањето.

„На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава“, наведува Османи.

Слични содржини