262
Со сериозни проблеми со дишењето поради густиот чад, три лица се пренесени во болница по пожарот што изби во Атина, а 20 биле евакуирани со помош на противпожарната служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Според медиумите во Грција, пожарот избувнал на првиот кат од хотелот, а густиот чад брзо се проширил и стигнал до последните катови, а се создала и паника меѓу гостите и вработените.
Од противпожарната служба на Грција соопштија дека пожарот е ставен под контрола.