Рицинусово масло: Вистинско богатство за нега и побрз раст на косата

од Elena Daskalova
233 прегледи

Рицинусовото масло може да помогне при многу проблеми кои се појавуваат на телото, почнувајќи од акни, габични инфекции, потоа алергии и побрзо заздравување на рани.

Но, докажано најдобро се покажало во негата на косата, односно нејзиниот побрз раст. Тоа има антибактериски и антигабични дејства, содржи и витамин Е, а ова се основните нешта кои ѝ се потребни на косата за побрзо да расте.

Рицинусовото масло ја стимулира циркулацијата на темето, ги потхранува фоликулите и спречува опаѓање на коса. Со редовно користење ќе забележите дека освен што косата ви е зајакната и посјајна, се појавуваат и нови обновени влакна.

Најефикасен е третманот со врело рицинусово масло. Ставете 4 лажици рицинусово масло во мала тегличка. Можете да додадете и кокосово или ореово масло. Имајте предвид дека има малку непријатен мирис.

Затворете ја тегличката и ставете ја во сад со зовриена вода. Кога ќе се загрее, по неколку минути, нанесете го со пипета директно во корените на косата. Нанесувајте мали количини, за да се излади доволно и да не ја изгори кожата.

Измасирајте добро и завиткајте ја косата во крпа или ставете волнена капа. Доколку можете, преспијте цела ноќ со маслото на косата.

Само 4-5 третмани месечно се доволни да забележите разлика уште во првиот месец. Не грижете се, поради овој третман косата нема зачестено да се масти, бидејќи рицинусовото масло лесно се измива.

Слични содржини