Земон: Предлогот за една изборна единица не атакува врз албанската заедница

од Aleksandar Todeski
438 прегледи

Пратеникот од владејачкото мнозинство, Рубин Земон од Партијата за општествен и екононски напредок (ПОЕН) ги повика владејачката ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ги повлечат амандманите за измена на Изборниот законик.

Тој, како еден од иницијаторите за една изборна единица и отворени листи вели дека со над 6.000 аманмдани, нема никакви шанси овој парламентарен состав да ги помине измените и на изборите на 12 април да се гласа во една изборна единица.

„Предлогот за една изборна единица не атакува врз албанската заедница, воопшто не станува збор за намалување на албански пратеници во Собранието. Има нелогични амандамни за да се блокира процесот овие прашања да не дојдат до демократска и јавна дебата. Кога се поднесе иницијативата се уште не се зборуваше дека на 12 април ќе има избори. Кај нас изборите требаше да бидат во декември 2020 година, а не во април“, рече Земон.

Тој нагласи дека разговарале како пратеници, но тоа не се пратенички, туку партиски одлуки. Вели, тенденциите е да се блокира можноста за демократска дебата по амандманите.

А.Т.

Слични содржини