Пецас: Не се плашиме од инцидент со Турција

од Aleksandar Petrovski
209 прегледи

Многупати имаме кажано дека не се плашиме од инцидент со Турција, но сме подготвени за што било, изјави заменик-министерот под премиерот и портпарол на грчката влада, Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето дали постои страв дека Турција би можела да испрати брод јужно од островот Крит, за да ја тестира реакцијата на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

– Како што многупати имаме кажано, а и самиот премиер тоа го изјави, не се плашиме од никаков инидент. Ние сме подготвени за што било, секогаш со водечки критериум заштита на нашите суверени права и за тоа правиме сѐ што можеме, рече Пецас.

Портпаролот на грчката Влада повтори дека Грција на нејзина страна ги има и меѓународното право и сојузниците и има сила да ги одбрани нејзини национални и суверени права.

Слични содржини