Давидовиќ за актерката Стојановска: И Пабло Ескобар тешко пренесувал 700 килограми кокаин

од Aleksandar Todeski
399 прегледи

Адвокатот Звонко Давидовиќ рече дека не сака да го коменира апсењето на актерката Силвија Стојановска, но рече дека таа е приведена за количина која и Пабло Ескобар тешко ја пренесувал.

„Не можам да коментирам за предметот, знам дкеа 700 кг е огромна количина, тоа и Пабло Ескобар тешко го пренесувал. Притворот е добро решение да држите некого долго време зад решетки, да тргнете некого од фамилијата. Ако сокриете име и презиме за осомничениот, нема да знаете за кого се работи зошто за сите се бара притвор по ист основ“, рече Давидовиќ.

Тој истакна дека притворот треба да биде мерка за обезбедување, а наспроти тоа, се доделуваат притвори цело време по исти основи.

„Никој не се обиде да каже дека некој нешто направил, да има факи, инаку зошто би се барал притвор. Во еден случај велите мноу е сиромашен човекот, затоа ќе се даде во бегство, па од друга страна велите ќе се даде во бегство има многу пари. Еве и сега, за еден има домашен притвор, за други притвор“, истакна тој

Според адвоктот Ванчо Шехтански, на олигархијата не и одговара праведно општество.

„Правосудството е ударна тупаница на секој режим. Притворите се селективни, јас имав пауза 8 години. Дали има селективност, куќен притвор или одземање на пасош, не. Имаат селективна правда. Се почна 1996 година, кога во еден ден беа избрани 671 судија. Сега има обука од 6 месеци, за толку не може да биде судија. Со тој курс, на 20 и неколку години треба да бидеш судија, да расправаш за нешто, за што порано се бираше од редот на истакнатите правници“, рече Шехтански.

Според него, властите не успеале да изградиме праведно општество во последните 30 години.

Слични содржини