Во 2020 година Вагите ќе сакаат да направат значајни промени во својот живот, било да се работи за кариерата, домот или пак, емотивниот статус.
Постојано сте незадоволни од она што го имате и се прашувате дали нешто може да се промени. Добра вест е дека во 2020 ќе го најдете вистинскиот начин за да ги направите тие храбри промени за кои подолго време размислувате. Блиските ќе ве разубедуваат и ќе велат дека грешите, но вие длабоко во себе знаете дека сте во право и дека не треба да се откажувате. Затоа и ќе се дистанцирате.
Еден пријател ќе остане покрај вас да ве поддржува во текот на целиот процес. Тоа ќе ви даде голема сигурност и доверба, па ќе се чувствувате како да можете да ги остварите сите свои желби.
Работа
Во 2020 ќе добиете желба да ризикувате, да напуштите работно место, па дури и да започнете нов бизнис, но можно е дури и да се запишете на студии или на курс на кој ќе ги надоградите своите знаења. Долго време ќе размислувате, но откако ќе ја донесете одлуката, ќе се покаже дека сте постапиле правилно.
Невработените Ваги ќе добијат прилика за да заминат во странство. За нив тоа ќе биде вистински предизвик, а напредокот ќе ве натера повеќе да се трудите за да бидете успешни и да научите нешто повеќе.
Љубов
Во 2020 година, ако сте во врска, ќе имате чести расправии со партнерот и ќе ви биде тешко да пронајдете компромис. Можно е да ја раскинете врската. Партнерот ќе ве убедува дека треба да се смирите, но вие нема да бидете расположени да давате втори шанси на некој кој ве нервира. Потоа ќе сакате да останете што подолго сами и нема веднаш да влегувате во нова врска, туку ќе сакате да се забавувате.
Ако сте слободни, внимавајте да не се вљубите во личност со која сте само пријатели. Контролирајте се, бидејќи ќе бидете повредени, а ќе останете без значаен пријател. Ќе запознаете личност со која ќе започнете врска која изгледа како незначајна, но ќе се покаже дека не е баш така.
Ако сте во брак, ќе се соочите со проблем после кој ќе бидете поблиски од кога и да било. Заедно ќе се изборите против тешките мигови и ќе имате повеќе разбирање еден за друг.
Пари
На почетокот на годината ќе имате големи трошоци поради кои конечно ќе научите да ги цените парите. Финансиската ситуација значајно се подобрува во втората половина од годината. Не вложувајте пари во бизниси за кои не знаете ништо или ви изгледаат сомнително.
Здравје
Оваа година избегнувајте десерти, за да се заштитите од можен дијабетес. Честите вртоглавици предупредуваат дека нешто не е во ред. Контролирајте ја крвта и променете ги животните навики. Тука спаѓа и начинот на размислување, кој некогаш може да биде многу поштетен од лоша храна или алкохол.