Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е нов менаџер на Евертон.
Неговото назначување беше најавено на само еден час пред дербито со Арсенал на „Гудисон Парк“.
Договорот на Анчелоти со Евертон е за период од четири и пол години.
Италијанецот ќе биде на трибините на стадионот за денешниот судир со лондоскиот тим, а неговиот прв натпревар на чело на тимот ќе биде против Барнли на „Боксинг деј“.
Помошник на 60-годишниот Анчелоти ќе биде неговиот син Давиде.
Во моментов Евертон е рангиран на 16-то место на табелата, на три бода од зоната за испаѓање.
Анчелоти, кој е еден од најпознатите тренери во Европа и во светот, ќе стане еден од најскапо платените менаџери во Англија. Италијанецот е еден од тројцата тренери што ја освоил Лигата на шампионите три пати – двапати со Милан и еднаш со Реал Мадрид. Тој има освоено титули во Италија, Англија, Франција, Шпанија и Германија.
Од 2009-2011 година, Анчелоти беше менаџер на Челзи, со кој ги освои Премиер лигата, ФА Купот и Комјунити Шилд.
Оттогаш ги водеше екипите на ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Наполи.
BREAKING: Everton name Carlo Ancelotti as their new manager
— Sky Sports News (@SkySportsNews) December 21, 2019