Принцот Хари и војвотката од Сасекс Меган Маркл ги изненадија сите кога во вчера објавија честитка со седуммесечниот син Арчи.
Службениот профил на кралскиот пар објави фотографија на која Меган и Хари позираат под божикно дрво, додека целото внимание го краде Арчи, кој љубопитно го набљудува објективот на фотоапаратот.
„Ова е најслатката божикна честитка на војводата и војвотката од Сасекс. Среќен Божик на сите“ стои во објавата на профилот.
Кралскиот пар е познат по тоа што не се држи со пропишаните обичаи, а за овие божикни празници одлучи да ја посети Канада во која Меган живеела седум години.
– На војводата од Сасекс му е чест што ќе ја посети Канада, а за војвотката тоа било дом седум години пред да стане член на кралското семејство- рекол извор за британските медиуми.
Војвотката живеела во Торонто пред да му се придружи на кралското семејство. Поради Хари се прости од улогата на Рејчел во популарната серија Suits, која ја лансираше меѓу ѕвездите.
Бабата, кралицата Елизабета, го поддржува планот на Меган и Хари да се одморат и да не им се придружат за Божик.