Британскиот принц Ендрју ја одбегна традиционалната прошетка на кралското семејство на божикната миса, на крајот од годината која неговата мајка, кралицата Елизабета, ја нарече „бурна“.
Ендрју не се појаува во јавност откако минатиот месец отстапи од сите кралски должности поради вмешаноста во скандалот, во чиј центар беше американскиот милијардер Џефри Епштајн, обвинет за педофилија.
Епштајн изврши самоубиство во затворот, откако беше уапсен поради поведување на малолетнички. Ендрју бил обвинет дека имал непримерни односи со тие девојки.
Принцот бил снимет како со братот, принцот Чарлс, одат на утринската миса во 9 часот во црквата света Магдалена. Но, тој не им се придружи на останатите членови на семејството кога оделе на главната миса во 11 часот, задолжителен обичај на кралскиот календар.
Британските медиуми пренесуваат дека Ендрју донел одлука да не сепојавува на мисата и наместо тоа останал со својот татко во резиденцијата.