Глаук Конјуфца – нов претседател на Собранието на Косово

од Nikola Popovski
223 прегледи

Движењето Самоопределување, го предложи Глаук Конјуфца за нов собраниски спикер, кој потоа бил изгласан со 75 гласа „за“, 27 против и шест пратеници беа воздржани.

На денешната седница присутни биле 111 пратеници, додека 10 пратеници не се наоѓале во салата.  Во салата не биле присутни, Рамуш Харадинај, Абелард Тахири, Уран Исмајили, Пал Лекај и Енвер Хоџај.