Сведок во „Рекет“: Кога ги пуштија осомничените во „Империја“, ништо не смеевме да објавуваме за нив

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Обвинетиот Бојан Јовановски на вкрстено испрашување го праша поранешниот новинар во 1ТВ и сведок во „Рекет“ дали е точно дека тој немал допир со маркетингот, на што тој одговори потврдно.

Јовановски кажа дека бил прокурист на 1ТВ, на што обвинителката Вилма Русковска реагираше дека тој бил невработен, а не директор или прокурист.

Првообвинетиот го праша сведокот Баневски во каква атмосфера работел во 1ТВ.

„На почетокот имавме слобода на изразување, па затоа ме изненадија моментите кои ги набројав. Кога ги пуштија осомничените во „Империја“, Јовановски дојде во редакција и рече ништо веќе да не се објавува за тие осомничени“, рече Баневски.

Судијката го опомена Јовановски да не го прекинува сведокот додека зборува и да ги извади рацете од џебовите, додека тој со потсмев го прашуваше новинарот со директни прашања.

Јовановски го праша ексновинарот во 1ТВ зошто кога бил сведок на нечесни работи, не пријавил.

„Јас не квалификував, а капката ја прелеа кога те прашав дали рекетираш, а ти ми рече дека телевизијата мора од нешто да живее’, рече Баневски.

На прашање од Јовановски зошто не пријавил, сведокот рече „Не знам”.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини