Заев: Верувам дека Царовска ќе биде успешна и како вицепремиер за економски прашања

од Aleksandar Todeski
300 прегледи

Премиерот Зоран Заев во интервју за „Дојче Веле“ кое ќе биде објавено утре ја објаснува одлуката да ја именува Мила Царовска за вицепремиер за економски прашања.

„Верувам дека менаџментот на, веќе искусната Мила Царовска, во овој сектор и тоа како може да биде успешен. Верувам дека тој ресор, како потпретседател на Владата за економски прашања ќе продолжи успешно да го движи, за да имаме уште поуспешни економски политики, од оние кои ги имаме денес“, вели Заев во интервју за Дојче веле.

Вчера по седниците на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ, премиерот и лидер на владејачката партија, Зоран Заев најави дека Царовска ќе го заменува актуелниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој пред неколку месеци најави повлекување од политичкиот живот.

Слични содржини