Црногорски портал: Мило Ѓукановиќ го потпиша законот за вероисповед

од Aleksandar Petrovski
171 прегледи

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ го потпиша денеска указот за Законот за вероисповед, дознава црногорскиот портал ЦдМ (Cafe del Montenegro).

Пратениците во црногорскиот Парламент пред два дена со 45 гласови го усвоија овој закон.

Демократскиот фронт претходно денеска го повикаа Ѓукановиќ да не го потпишува законот, туку да го врати во Собрание на доработка. Пратениците на ДФ предложија и распишување референдум за тоа прашање.

За време на гласањето на законот се случи инцидент во црногорското Собрание, по што пратениците на ДФ беа приведени.

Црна Гора по 42 години доби нов закон со кој се уредуваат верските прашања, пишува ЦдМ.

Слични содржини