По неколкумесечно интензивно бомбардирање на сириските и руските сили, градот Кафр Набл во провинцијата која ја држат бунтовниците сега повеќе е дом на мачки отколку на луѓето.
Луѓето и мачките си пружаат меѓусебна утеха во тешките времиња.
Во подрумот на разрушената барака, 32-годишниот Салах Јар не е сам. Околу него се мачки, преплашени како него.
-Мачките ми даваат утеха. Бомбардирањето, уништувањето, страдањето се многу помалку страшни, вели тој.
Во родниот град на Салах имало 40.000 луѓе сега во Кафр Набл живеат стотина. Тешко е да се пресмета колку мачки живеат таму, но може да има илјадници.
„Многу луѓе си заминаа од Кафр Набл. На мачките им е потребно некој да се грижи за нив, да им дава вода и храна, па се скриле во домовите на оние кои останаа. Секоја куќа има по петнаесетина мачки, некои и повеќе“, вели Салах.
Понекогаш кога одиме на улица има 20 или можеби 30 мачки кои не пратат. Некои од нив одат во куќи со нас.
Кога ќе се стемни лаежот и свилењето на бројните кучиња скитници се слуша. Тие се гладни и немаат каде да живеат и се конкуренција на мачките во градот. Салах вели дека во редовните дуели меѓу мачките и кучињата, обично мачките излегуваат како победници.
„Ги има многу“, вели тој.
-Имам пријател кој има мачки во куќата. Една од нив ја погодила ракета и ја разнела шепата. Успеавме да ја однесеме во Идлиб на лечење и сега таа може да оди како и претходно, вели Салах.
Со оглед дека силите на претседателот Башар ал Асад се недалеку од Кафр Набл, градот наскоро ќе го заземат војници. Салах вели дека е загрижен, не само за себе туку и за мачките.
„Делевме и добро и лошо, радост и болка, многу страв. Тие станаа наши партнери“.
Вели ако се случи она најлошото и да мора да го напушти Кафр Набл, ќе поведе многу мачки со себе.
И покрај сите воени ужаси, се чини се создала блиска врска меѓу луѓето и домашните миленици, која не може лесно да се раскине.