Богојески: Срамно е и понижувачки за реформатор да свитка кичма и да стане реставратор на груевизмот

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Сето она што ние го промовиравме за време на внатрепартиската иницијатива за реформи, веќе не е доволно. Сега е попусто и нов Статут и лажирање, глумење на нови лица и нови политики. Веќе е касно за тоа. Трајно сме оштетени од промоцијата на ВМРО-ДПМНЕ од партија во движење, за времето на почитуваниот господин Груевски. Сега ВМРО-ДПМНЕ е толкав конгломерат на разлики, кои едноставно не сме споиви помеѓу себе, вели Петар Богојески, поранешниот заменик- генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, познат и како еден од иницијаторите за реформи во партијата во интервју за Стандард.

Со Богојески разговараме и за неговата платформа „Македонски концепт“, за која вели дека „не ја заразува со внатрепартиските проблеми во ВМРО-ДПМНЕ“.

– Во Македонски концепт има и активисти на СДСМ, ЛДП и други партии. Тоа се граѓани кои сакаат нормалност. Тоа не обединува, нормалноста. Согласно нашата призма на гледање на работите. Ако сакате одговор од мене лично, како член на ВМРО ДПМНЕ, како реформатор никако не можам да бидам реставратор на груевизмот. Срамно е и понижувачки за реформатор да свитка кичма и да стане реставратор, вели тој.

На прашањето дали опозицискиот лидер може да бара доверба на следните избори, а да не се дистанцира од десетгодишното владеење на Никола Груевски, тој смета дека Мицкоски не може да се дистанцира од минатото, чив дел е и самиот тој.

-Мицкоски беше генерален секретар на Груевски. Тоа лошо минато двајцата заедно го граделе. Затоа не барајте од човекот да се откаже од самиот себе. Од друга страна граѓаните не заборавиле на тоа лошо минато, но исто така им е смачено и од оваа ваква сегашност. Извинете, но не може минатото да биде алиби за актуелната ситуација. Секој си одговара за своето време. Но тие граѓани, незадоволни од сегашноста, никогаш нема да се навратат на минатото и да го донесат Христијан на власт, за да се одмаздува и да го реставрира груевизмот, посочува Богојески.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк!

Слични содржини