Утре продолжува „Рекет“, ќе сведочи обвинителката Елизабета Јосифовска

од Aleksandar Todeski
463 прегледи

Во Кривичниот суд утре продолжува судењето за најскандалозниот случај во 2019 година, „Рекет“. На утрешното рочиште во списокот на сведоци се најде името на обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка во Специјалното јавно обвинителство на второосомничената поранешна шефица на СЈО, Катица Јанева.

Фото: Борче Поповски

Во случајот првоосмничен е Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој се товари по две дела, перење пари и примање награда за противзаконито влијание. Второосомничената Катица Јанева пак, е обвинета по делото злоупотреба на службената должност и овластување, додека пак третообвинетиот кој на првото рочиште призна вина, Зоран Милевски – Кичеец, беше обвинет за делото примање награда за противзаконито влијание.

Обвинителката Јосифовска утре ќе сведочи за третманот кој Катица Јанева го имала кон случајот „Империја“, во кој меѓу обвинетите е и сведокот во случајот, Орце Камчев. Инаку до сега освен него, сведочеа и неговата сопруга, Ана Камчева, но и друи бизнисмени. Пред судијата за она што го виделе сведочеа и поранешен новинар во сега веќе згаснатата 1ТВ, но и куќната помошничка на првообвинетиот, Боки 13.

Обинителството за гонење на организиран криминал и корупција случајот го отвори на 2. мај, а веќе на 15 јули минатата година беа уапсени првообвинетиот Бојан Јовановски и третообвинетиот Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште призна вина и доби тригодишна затворска казна. Еден месец подоцна, на 21 август беше уапсена и екс Специјалната обвинитилека, Катица Јанева.

Потоа беше отворен уште еден случај, продолжение на „Рекет“ за невладината на Боки 13, „Меѓународен сојуз“, а во кој освен Јовановски, осомничени се и неговиот татко, Миле Јовановски, неговата заменичка во невладината и косопственичка на 1ТВ, Јасна Мандиќ, пратеничката Фросина Ременски и личната асистентка на Боки 13, Кристина Блажевска. За овој случај, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Влима Русковска најави обвинение на средина на месецов.

А.Т.

Слични содржини