Насловната страница на италијанскиот Вог, овој јануари е потполно поинаква од сите останати некогаш објавени.
Љубителите на оваа модна библија ќе имаат прилика да уживаат во рачно насликаните креации на Гучи, бидејќи класичниот моден едиторијал изостанал. Уредниците дошле до оваа идела како би ја поддржале светската борба во зачувување на околината.
– Во глобалната дебата за зачувување на животната средина постои еден аспект кој мене ми е мноу близок, а тоа е интелектуалната искреност. Во нашиот случај тоа значи дека мораме да признаеме дека процесот за изработка на магазиот има негативно влијание врз околината. Овој гест е наш начин да кажеме дека знаеме дека сме дел од индустријата која е далеку од онаа која го поддржува сочувувањето на околината – рекол уредникот на италијанскиот Вог, Емануеле Фарети.
Насловната страница на јануарскиот Вог ќе ја красат седум различни илустрации. Дизајнерите ги насликале моделите кои ги носат најновите креации на Гучи. Главниот уредник истакнал дека е особено горд бидејќи за ова издание нема да има патувања, ниту носење на облека. Според него, ова издание е можеби и единствено вакво во историјата на магазините.