Православните христијани денеска го слават Бадник, празник на семејството. Според верувањата, на овој ден сите треба да се во своите домови, покрај најблиските.
Бадник го означува крајот на 40-дневните пости и традиционално се подготвува бадникова трпеза, која исто така треба да е посна, но богата.
Обичаите се разликуваат во зависност од местото, па некои кршат лепче со паричка за бадник. Се верува дека кај кого ќе се падне паричката, тој ќе има среќна и бериќетна година.
Симбол за бадник е бадниковото гранче кое се става на трпезата, а потоа се чува до наредната година. Старото гранче вечерта пред Бадник се гори во оган за да го чува здравјето на сите во семејството.
На Бадниковата трпеза по вечерта, храната не се трга од масата, затоа што се верува дека Бог ќе дојде преку ноќта да се нахрани.
На Бадниковата трпеза најчесто може да се најде: пржена риба, посна сарма, питулици, печена тиква, баклава, колачиња, тавче гравче, погача со паричка, суво овошје, јаткасти плодоби, овошје.